Пејачката Џенифер Лопез во документарниот филм „Halftime“ раскажа сè за комплицираниот однос со нејзината мајка, Гвадалупе „Лупе“ Лопез. Во штотуку објавениот филм, Џеј Ло се присети дека нејзината мајка „ја убивала од тепање“ сѐ додека не побегнала од дома.
– Имам комплициран однос со мајка ми, постојано се каравме. Таа го правеше тоа што мораше и поради тоа е силна, но затоа е и груба. Нѐ тепаше, нè убиваше од ќотек – рекла Џенифер, која има уште две сестри.
„Не бев совршена мајка, но можам само да кажам дека правев сѐво нивните најдобри интереси. Сакав да воспитам три девојки за да не зависат од мажите. Не сакав да ги критикувам, туку да им покажам дека можат подобро. Но, Џенифер беше најлоша, искрено, со неа ми беше најтешко“, рекла Лупе. Таа останува при ставот дека ги тепала своите ќерки за да им всадаи во глава дека никогаш не смеат да зависат од маж.
Пејачката раскажала и декаа на 18 години побегнала од дома бидејќи повеќе не можела да трпи таков однос. Љубовта кон танцот ја одвлекла младата Џенифер од училиштето, што нејзината мајка не сакала да го трпи.
„Таа ми рече, ако сакаш да живееш под мојот покрив, ќе мораш да го завршиш училиштето. Една ноќ лошо се скаравме и морав да заминам“, рекла Лопез.
ФОТО: Јутјуб