Претседателот на Собранието Талат Џафери планира да го разреши членот на Комисијата за прашања на избори и именувања Фадил Зендели од Беса со предлог одлука која денеска треба да се најде на пленарната седница.
Според пратеникот на ВМРО-ДПМНЕ, Антонио Милошоски, разрешување на член на работно тело без предлог одлука на Комисијата за избори и именување, се случува за прв пат во Собранието и е спротивно на Деловникот.
Работата на Комисијата е важна и заради избор на нови четворица уставни судии. Нивниот избор запре откако Костадин Костадинов кој беше нејзин претседател, стана градоначалник на Струмица.