Канадската музичка ѕвезда Џастин Бибер склучи договор вреден околу 200 милиони долари за да ги продаде своите музички права на „BX.N Hipgnosis Songs Capital“.
Во текот на годините издаде шест студиски албуми, заедно со безброј синглови. Продаде 150 милиони плочи во светот, што го прави еден од најуспешните уметници во историјата.
Бибер сега го продаде целиот свој музички каталог, кој вклучува песни од целата негова 15-годишна кариера, за неверојатни 200 милиони долари.
Компанијата вчера го објави договорот, вреден повеќе од 200 милиони долари, откога минатиот месец се појавија извештаи дека канадската ѕвезда склучува на договор за продажба на неговата музика.
Без разлика што договорот е склучен, извори велат дека тој ќе продолжи да биде под раководство и сопственост на „Универзал“ со која соработуваше во текот на целата кариера.
Мерк Меркјуријалис, основач на Hipgnosis Song Management, исто така даде официјална изјава за медиумите:
„Влијанието на Џастин Бибер врз глобалната култура е навистина извонредно во последно време. Ова е нашето најголемо стекнување на музички права, таква е големината на овој каталог кој има речиси 82 милиони слушатели месечно и повеќе од 30 милијарди стримови само на Спотифај“, изјави Меркуриалис.