Манчестер Јунајтед оствари првични контакти со претставниците на Кристијан Ериксен околу потенцијалниот трансфер на Данецот на Олд Трафорд, пренесува Sky sports.
Ериксен, кој минатата сезона играше за Брентфорд, на крајот на месецот ќе стане слободен играч. Како што се наведува, Данецот се уште ги одмерува понудите, а заинтересиран е и неговиот поранешен клуб Тотенхем.
Новиот менаџер на Јунајтед, Ерик тен Хаг е љубител на играта на Ериксен, а одлуката на крајот зависи од играчот, секако.
Навивачите на Јунајтед беа вознемирени во последните денови бидејќи нивниот тим досега не беше особено активен на пазарот.
Сепак, Јунајтед е во преговори и со Барса околу доаѓањето на Френки де Јонг, со кој Тен Хејг соработуваше во Ајакс. На истата патека, „црвените ѓаволи“ го следат дефанзивецот на Ајакс, Лисандро Мартинез, како и крилото Ентони.
Ќе видиме кога тимот од Олд Трафорд ќе го повлече првиот конкретен потег.