More

    ЈП Градски Пазар Охрид објавува ОГЛАС заП РИБИРАЊЕ НА ПОНУДИ ЗА  ПОСТАВУВАЊЕ НА УРБАНА ОПРЕМА

    spot_img

    Врз основа на Годишната програма  за поставување урбана опрема во општина Охрид за 2022 година бр. 08-13561/37 од 29.12.2021 год. („Сл.гласник на општина Охрид   бр.17/2021), Одлуката за поставување на урбана опрема и времени објекти и за утврдување на висината на надоместокот (закупнина) за 2022 година во општина Охрид бр. 08-13561/38 од 29.12.2021 година и Одлука за донесување на Правилникот со кој се утврдени начинот и условите за изнајмување на локации за поставување на урбана опрема на п одрачјето на општина Охрид бр. 08-4086/18 од 28.04.2021, ВД Директорот на ЈП Градски Пазар Охрид објавува:

    ОГЛАС бр. 12/2022

    ПРИБИРАЊЕ НА ПОНУДИ ЗА  ПОСТАВУВАЊЕ НА УРБАНА ОПРЕМА

     

    ЈП Градски Пазар Охрид издава урбана опрема за комерцијално користење. Урбаната опрема се издава за следната намена:

     

    1. Урбана oпpeмa за продажба на храна и сувенири

     

    Улица Кеј Македонија – Вкупно 15 куќарки

     

    Графички приказ со нумерички ознаки на урбана опрема се дадени во изводот од годишната програма за поставување на урбана опрема за 2022 година бр.19-3264/2 од 15.03.2022.

    Урбаната опрема ќе се издава период на времетраење од 01.06.2022 до 30.09.2022 година.

     

    1. Почетна цена за издавање на урбана опрема на месечно ниво е:

     

    • урбана опрема 4 м² за продажба на храна и сувенири со почетна цена од 8.000 (осум илјади денари) вкупно 15

     

    2.1 Почетните цени за издавање на урбана опрема се однесуваат за период од 30 (триесет) дена.

     

    2.2 Во почетната цена за издавање на урбана опрема, не се содржани трошоците за комунална такса, одржување на хигиена, приклучок и трошок за електрична енергија.

     

    • Целиот износ од договорениот надомест за закуп да го плати закупецот во рок од 3 работни дена од склучување на договорот за закуп, во спротивно договорот ќе биде ништовен и право на закуп на урбана опрема ќе има наредно рангираниот учесник на јавниот повик.
    • Закупецот е должен редовно да ја одржува урбаната опрема која ја закупил и по завршувањето на договорот за закуп е обврзан истата да ја предаде на закуподавачот во состојба каква што ја презел од него.
    • Закупецот има обврска да овозможи непречен увид на урбаната опрема од страна на закуподавачот во секое време, со или без претходна најава за истото.
    • Закупецот е должен да обезбеди времено броило (приклучок) за струја, така што потрошена електрична енергија паѓа на товар на закупецот кој  е обврзан паушалот за надомест на вода ,редовно да го намирува кон ЈП Водовод Охрид, Комуналните услуги, како и трошоците за отпадни води, редовно да ги намирува кон ЈП Охридски Комуналец Охрид и ЈП Нискоградба Охрид.
    • Да ги почитува сите обврски кои ги превзел со договорот за закуп, а во спротивно ЈП Градски Пазар го задржува правото за еднострано раскинување на договорот.

     

    2.3 Трошоците за хигиена, приклучок и трошок за користење на електрична енергија паѓаат на товар на најповолниот понудувач.

    • Трошокот за комунална такса (за користење на плоштади и др.простор во градовите и другите нaселени мeста со цел на изложување на предмети, приредување на изложби и други забави и други приредби и завршени дејности) изнесува 7,00 (седум денари) од м2 дневно.
    • Договорот со најповолните понудувачи за точка 1 ќe се склучуваат за дадениот период од 01.06.2022 до 30.09.2022 година.

     

    1. 3. Доставување на понуди

    3.1 Право на учество на јавниот повик за изнајмување на урбана опрема има секое:

    • Правно лице кое има регистрирано деловно седиште во општина Охрид и кое не е во постапка за стечај или ликвидација. (Решение од ЦР на РСМ не постаро од 6 месеци)
    • Физичко лице кое е жител на општина Охрид
    • Секое физичко и правно лице има право да аплицира на јавниот оглас само за една од локациите предвидени во Програмата за поставување урбана опрема во општина Охрид за тековната година.
    • На избраниот најповолен понудувач му се забранува изнајмување или пренесување на правото на користење на урбана опрема на трети лица.

     

    Право на учество на јавниот повик немаат:

    • Физички и правни лица кои имаат неподмирени обврски (даноци и придонеси) кон општина Охрид и кон државата по основ на данок.

    3.2 Понудувачот треба да достави:

     

    • Понуда на унифициран образец; (Унифициранот образец може да се подигне во просториите на ЈП Градски Пазар Охрид или на веб страната на ЈП Градски Пазар Охрид https://jpgradskipazarohrid.mk/
    • Уплатница на име депозит за учество на износ од 3.200.00 (триилјадиидвесте) денари за типизирана куќарка со димезии 4м2.
    • Уплатата се врши на следната сметка: жиро с-ка 210-066616880194 депонент на НЛБ Тутунска Банка АД Скопје, подруж. Охрид

     

    За правни субјекти

     

    • Потврда за регистрирана дејност (издадена од Централен регистар на PCM или соодветен документ-доказ дека припаѓа на соодветно здружение – не постари од 6 месеци),
    • Потврда дeлa нема заостанати обврски кон општина Охрид-Локална самоуправа по основ комунална такса (за користење на плоштади и др.простор во градовите и другите населени мста со цел на изложување на предмети, приредување на изложби и други забави и други приредби и завршени дејности) изнесува 7,00 (седум денари) и закуп на урбана опрема; (потврдата ја издава Сектор за финансиски прашања при општина Охрид и УЈП);
    • Фотокопија од лична карта на управителот

     

    За физички лица

    • Фотокопија од лична карта
    • Потврда дека нема заостанати обврски кон општина Охрид-Локална самоуправа по основ комунална такса и закуп на урбана опрема; (потврдата ја издава Сектор за финансиски прашања при општина Охрид);

    Уплатениот депозит на учесниците кои нема да бидат избрани за одредена урбана опрема е повратен, додека за учесниците кои ќе бидат избрани и ќе добијат урбана опрема на јавното наддавање износот на уплатениот депозит ќe биде одбиен од  вкупната цена на склучениот договор.

     

    Уплатениот депозит не е повратен за оние учесници кои се избрани за најповолни понудувачи, а кои после јавното наддавање самоволно се откажале од потпишување на договор за изнајмување урбана опрема-типизирана куќарка. Во ваков случај депозитот трајно го задржува ЈП Градски Пазар Охрид и учесниците немаат право да бараат поврат на истиот.

     

    1. Начин на доставување на понуда

     

    Понудата треба да се достави во затворен плик со назнака:

     

    „НЕ OTBOPAJ“

    ЈП Градски Пазар Охрид

    Комисија за спроведување на оглас за прибирање понуди за издавање на урбана опрема бр. 12/2022

    Урбана опрема бр.            

    (се внесува бројот на урбана опрема за кoj пoнyдyвaчот  учествува,

    НА ПРИМЕР I — Урбана опрема бр. 5)

    „Булевар Туристичка“бp.79 Охрид

     

    НAПOMEНA:

    Комисијата не сноси одговорност за ненавремена и неуредна достава на понудите.

    Пример за адресирање на плик за достава на понуда:

     

     

    “НE OTBOPAJ“

    „Да не се отвора пред 13.05.2022

    Оглас бp.12/2022

    ЈП Градски Пазар Охрид

    Комисија за спроведување на оглас за прибирање на понуди за издавање на

    урбана опрема бр. 12/2022

     

    Урбана опрема бр.      

    (се внесува бројот на урбана опрема за кој понудувачот учествува) “Булевар Туристичка “бр. 79 Охрид

     

     

    Понудата се доставува по пошта или лично во Архивата на ЈП Градски Пазар Охрид.

     

    ЈП Градски Пазар Охрид нема никаква одговорност за ненавремена д остава на понудата, нејзино предвремено отворање или губење на истата.

     

    1. Начин на отворање

     

    Понудите да се достават најдоцна до 13.05.2022 г. во 12.00 часот.

     

    • Електронското Јавното наддавање ке се одржи по евалуација на доставените понуди
    • Јавното надавање ќe се одржи на eaukcijaohrid.mk . Напатствија, инструкции и лозинка во писмена форма ке добијат сите учесници кои ги исполниле условите на најмалку 3 (три) дена пред јавното наддавање
    • За денот и часот на јавното наддавање учесниците ќe бидат известени на контакт адресата на понудувачот и web страната на ЈП Градски Пазар Охрид.
    • За избран ќе се смета понудувачот кој понудил највисока цена за урбана опрема под услов да ги исполнил условите предвидени во точка 3.2.

     

    1. Предмет на јавно наддавање

     

    • Предмет на јавното наддавање е месечната конечна цена, односно за период од 30 дена

     

    1. 7. Склучување на договор

     

    Договор ќе се склучи со понудувачот кој понудил највисока цена на јавното наддавање.

     

    Договорот ќе се склучи во рок од пет работни дена од денот на приемот на Известувањето  за избор на најповолен понудувач.

     

    Пред склучувањето на Договорот, понудувачот е должен во целост да ги подмири сите трошоци кои произлегуваат од постапката , вклучувајќи ја и комуналната такса.

     

    По склучување на договорот и подмирувањето на обврските кои се услов за склучување на истиот, (уплатата на комуналната такса и подмирување на обврската која произлегува од задолжението, како и склучување на договор за јавна чистота со JП “Охридски Комуналец) избраниот понудувач е должен да се придржува до одредбите на склучениот договор.

     

    Доколку понудувачот кој понудил највисока цена на јавното наддавање, не склучи  договор  во  цитираниот  рок,  договорниот  орган може да склучи договор со следниот рангиран понудувач.

     

    Доколку понудувачот кој доставил најповолна понуда на јавното наддавање,  од било која причина се откаже од потпишување договор, во тој случај Јавното претпријатие неповратно го задржува уплатениот депозит на ваквиот учесник.

     

    Доколку има потреба или во случај на евентуална попреченост од било кои причини , Општина Охрид и Јавното претпријатие Градски пазар Охрид го задржуваат правото да извршат промена на една или повеќе локации, а закупците како корисници на услугите во ваков случај се обврзуваат да ги прифатат новонастанатите промени на локациите.

    Доколку корисникот на услугата не ја прифати таквата промената состојба и промена на локацијата, тоа претставува основ за двострано раскинување на договорот, во рок од 8 дена  без можност за надомест на штета ниту било какви други меѓусебни парични или непарични побарувања кои би произлегле од предвременото раскинување на договорот, освен исплатата на целокупниот долг по основ на закупнина по договор.

    Во случај на раскинување на договорот поради горенаведените причини, закупецот е должен на Закуподавецот да му го исплати целокупниот долг по основ на закупнина по договорот и освен исплатата на долгот на име закупнина, договорните страни немаат право меѓусебно да истакнуваат никакви други надоместоци  и останати  парични побарувања.

     

    Графичките прикази со нумерички ознаки на урбаната опрема, заинтересираните субјекти можат да ги превземат од web страната на ЈП Градски Пазар Охрид, https://jpgradskipazarohrid.mk/ или секој работен ден од 07.00-15.00 часот во просториите на ЈП Градски Пазар Охрид.

     

     

     

     

    ЈП ГРАДСКИ ПАЗАР ОХРИД

    В.Д  Директор

    Александар Попоски

     

     

     

     

    Образец на понуда

    Поставување урбана опрема за продажба на храна и сувенири

     

    ВРЗ ОСНОВА НА ОБЈАВЕНИОТ ОГЛАС БР. 12/2022 ЗА ПРИБИРАЊЕ НА ПОНУДИ ЗА ИЗДАВАЊЕ НА ВРЕМЕНО КОРИСТЕЊЕ НА УРБАНА ОПРЕМА ДОСТАВУВАМ

    П О Н У Д А

     

    1. ОПШТ ДЕЛ

    Име на понудувачот:                                                                                                    

    (назив на правно лице според тековна состојба или име,татково име и презиме за физичко лице)

    Контакт информации

    Седиште/адреса:                                                             

    Телефон:                                                                     

    моб.телефон:                                                            

    факс:                                                                              

    Е-пошта:                                                                              

    Лице за контакт:                                                                                                                                  

    Одговорно лице (управител) :                                                                                                          

    Даночен број :                                                                                      ЕМБС                                                    

    ЕМБГ:                                                                                  (за физичко лице)

    Во прилог на понудата доставувам:

    1. За правни субјекти
      • Потврда за регистрирана дејност издадена од Централен регистар на РСМ или соодветен документ-доказ дека припаѓа на соодветно здружение – (не постари од 6 месеци)
      • Потврда дека нема заостанати обврски кон општината
      • Фотокопија од лична карта од управителот
    2. За физички лица
      • Фотокопија од лична карта
      • Потврда дека нема заостанати обврски кон општината
    3. ФИНАНСОВА ПОНУДА

     

    Број на урбана опрема Намена на урбаната опрема  закупнина
     

     

    Со зборови                                                                                                            денари

    (се внесува понуден износ )

     

    Датум                                                                                              Подносител на понудата

     

    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img