Јапонската и јужнокорејската крајбрежна стража трагаат по 8 членови на екипажот на товарниот брод што синоќа потона во Кинеското Море југозападно од Јапонија.
– Досега се спасени вкупно 14 членови на екипажот – изјави утринава портпаролот на јапонската крајбрежна стража.
Единаесет од нив биле во несвест, соопшти јужнокорејската крајбрежна стража.
Националноста на спасените членови на екипажот не е позната. Тие биле пренесени до пристаништето Нагасаки, на југозападот на Јапонија.
Џин Тиан, товарен брод регистриран во Хонг Конг, издаде СОС сигнал доцна навечер во вторникот по јапонско време.
На помош дојдоа три комерцијални бродови кои се нашле во близина.