Шведската влада сака да го зголеми воениот буџет на 2 отсто од БДП „што е можно поскоро“ по руската инвазија на Украина, изјави во четвртокот премиерката Магдалена Андерсон.
„Денеска презентираме нова иницијатива со јасна порака до шведскиот народ и светот околу нас. Одбранбените способности на Шведска треба многу да се зајакнат“, рече Андерсон на прес-конференција.
Кога заврши Студената војна, уделот на бруто домашниот производ за воени трошоци во Шведска падна од 3 отсто во раните 1980-ти на околу 1 отсто во последните години.