More

    Четири нови трансфери во европскиот фудбал

    spot_img

    Напаѓачот на Ливерпул, Мохамед Салах ова лето може да ја смени англиската Премиер лигата со шпанската Ла Лига.

    Реал Мадрид е заинтересиран за играчот објави „The ​​Sun“. Според британскиот весник, изданието, по трансферот на напаѓачот на Бенфика, Дарвин Нуњез во Ливерпул, премиерлигашот одлучил дека е подготвен да го продаде Салах и би прифатил понуда од потенцијалните купувачи доколку таа е во регионот од 70 милиони евра.

    Салах постигна 31 гол и креира 15 асистенции во 51 настап за Ливерпул во сите натпреварувања минатата сезона.

    Договорот на напаѓачот со англискиот клуб е до 30 јуни 2023 година. На 22 јуни, Ливерпул остана без уште еден напаѓач, Садио Мане, кој кариерата ќе ја продолжи во Баерн.

    Лукаку се враќа во Интер?

    Од другите рокади и трансфери во европскиот фудбал, се зборува за враќањето на Ромелу Лукаку во Интер. Напаѓачот на Лацио, Чиро Имобиле го коментираше можното враќање на напаѓачот на Челзи.

    – Доколку Ромелу се врати, нивото на италијанското првенство ќе се зголеми, а јас ќе продолжам да се трудам да го покажам мојот најдобар фудбал – изјави Имоли за „Фудбал Италија“.

    Дваесет и деветгодишниот Лукаку кој е фудбалер на Челзи е пред враќање во Серија А. Белгиецот веќе играше за Интер од август 2019 до август 2021 година. Заедно со тимот стана шампион на Италија.

    Де Јонг нејќе да ја напушти Барселона

    Уште еден можен трансфер во европскиот фудбал меѓу англиската и шпанската лига. Играчот од средниот ред на Барселона, Френки де Јонг не сака да го напушти каталонскиот клуб и да се пресели во Англија. Манчестер јунајтед е активно заинтересиран за холандскиот фудбалер.

    Според „Cadena SER“ Каталонците се принудени да го продадат Де Јонг за да ја подобрат финансиската состојба. Цената на играчот е 80 милиони евра.

    Претходно беше објавено дека англискиот клуб се надева дека Барселона ќе ја намали цената на фудбалерот. Самиот играч не даде согласност за трансферот.

    Де Јонг минатата сезона забележа 46 настапи за Барселона, постигнува четири гола и пет асистенции.

    Актуелниот договор на Де Јонг со Барселона е со важност до 30 јуни 2026 година.

    Ди Марија од ПСЖ се мисли за Јувентус

    Трансфер има и во француската лига. Играчот од средниот ред на ПСЖ, Анхел Ди Марија се произнесе за неговиот можен трансфер во Јувентус.

    – Јувентус е најголемиот клуб во Италија, еден од оние кои се заинтересирани за мене. Моментално размислувам, но во моментов сум фокусиран на мојот одмор и на моето семејство. Рома? Не ми е грижа – изјави Ди Марија за „ESPN Аргентина“.

    Во летото 2022 година, аргентинскиот напаѓач го напушти ПСЖ како слободен играч. Не го продолжи договорот со францускиот клуб во кој настапува од 2015 година.

    Како дел од ПСЖ, Ди Марија пет пати стана француски шампион, четири пати го освои Купот на Франција и пет пати го освои Суперкупот.

    Ди Марија минатата сезона забележа 31 настап за ПСЖ, постигнува пет гола и девет асистенции.

    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img