Црногорецот Вук Бориловиќ од Цетиње кој вчера уби десет сограѓани и рани шестмина од нив, го потресе целиот регион.
За време на крвавата драма во која тој уби и две малолетни деца, Бориловиќ по случаен избор со ловечка пушка пукал во соседите, итната медицинска помош, припадниците на полицијата и случајните минувачи.
Според сега веќе официјалните податоци, вчера околу 15:30 часот Бориловиќ влегол во својот стан кој го изнајмувал и на вратата веднаш ги убил своите потстанари меѓу кои и 11-годишно дете, а потоа и неговиот три години помлад брат, а веднаш по нив тој ја застрелал и нивната мајка.
Откако Бориловиќ ги убил првите лица, тој им се јавил на нивниот татко и сопруг Милош Мартиновиќ
– Го убив твоето и моето семејство – велат соговорниците на „Вијести“.
Според тврдењата тој во следните 45 минути на околу 80 метри од својата куќа, тој продлжил да „сее смрт“ при што убил уште седум лица, а ранил шест.
Црногорската обвинителка Андријана Настиќ изјави дека според досегашните сознанија напаѓачот кој претходно во петокот во Цетиње уби десет луѓе а ранил уште шест, бил убиен од сограѓанин, а не од полицијата.
Настиќ за црногорските медиум во петокот доцна ноќта по завршениот увид во Цетиње рече дека на самото место затекнале девет смртно настрадани лица, а дека едно подоцна починало во болница. Единаесеттиот смртно настрадан е напаѓачот.
Директорот на црногорската полициска управа Зоран Брѓанин во изјавата доставена за медиумите дека меѓу убиените се две деца од осум и 11 години.
Инаку за Вук Бориловиќ познавачите велат дека се многу изненадени од тоа што го направил. Велат дека претходно работел како келнер во националниот парк Ловќен, дека бил мирен сосед, без конфликти со полицијата или мештаните. Бил ловџија, каде вчера тој со ловечка карабина пукаше во луѓето. Во куќата имал многу оружје, додаваат медиумите во своите извештаи.
Вук Бориловиќ е роден на 21 ноември 1988 година во Цетиње. Основно училиште завршил во Цетиње, а средно образование во бродоинженерство во Белград. Бил оженет и татко на три деца.
По повод невидената трагедија во Цетиње, Владата од денес прогласи тридневна жалост во Црна Гора.