More

    Ционистите ќе го спасуваат од затвор, а тој ќе се смирува со САД

    spot_img

    Поранешниот израелски премиер Бенјамин Нетанјаху(73) е на работ на драматично враќање, откако делумните резултати од 84 отсто преброени ливчиња покажаа дека е на пат да освои мнозинство во парламентот со помош на екстремната десница „Религиозен цинизам“. За Палестинците камбекот на контроверзниот „Биби“, како што му е прекарот, би можел да значи повеќе насилство, пишува Ројтерс.

    – Блиску сме до голема победа – им рече тој на радосните поддржувачи на неговата партија Ликуд во Ерусалим.

    Нетнјаху можеби е една од најомразените личности меѓу левичарите и центар-партиите. Тој цврсто го поддржува градењето на израелски населби на Западниот Брег и беше еден од иницијаторите Ерусалим да биде прогласен за главен град. Неговото владеење може да значи заладување на односите со САД. Западните сојузници веќе се загрижени за „најдесничарската влада во Израел“, па Нетанјаху ќе мора некако да ги утешни нивните грижи.

    На Нетанјаху, исто така, во моментов му се суди за наводен поткуп, измама и нарушување на довербата, обвиненија што тој жестоко ги негира. Неговите можни партнери во коалициската влада рекоа дека ќе го реформираат законот, во потег што ќе го запре неговото судење. Всушност, во целото владеење тој ќе биде зависен од ултранационалистичката партија Религиозен ционизам. Лидерот на партијата, Итамар Бен-Гвир бил осуден во 2007 за расистичко потикнува против Арапите, а неодамна се залагаше за протерување на Палестинците од земјата.

    Нетанјаху неодамна ја заврши својата неодамнешна автобиографија „Биби: Мојата приказна“ со изјава дека неговото време на опозициските клупи, по поразот на изборите во 2021 година, е „пауза“ и дека му претстојат големи задачи.

    Објавена непосредно пред петтите израелски избори во последните четири години и широко изложена надвор од гласачките места на денот на изборите, книгата е проткаена со увереноста на Нетанјаху дека тој наскоро ќе се врати на главната функција.

    На судењето за корупција поради мито и други обвиненија кои тој ги негира, Нетанјаху изгледа ќе зависи од поддршката од верскиот ционизам и од две помали верски партии.

    Тие партии беа поподготвени да ги остават настрана правните проблеми на Нетанјаху, а критичарите велат дека со помош од екстремната десница, Нетанјаху може да побара радикални судски реформи кои потенцијално би можеле да го спасат од осуда и од затвор.

    За возврат, тој можеби ќе треба да ги предаде министерствата кои одлучуваат во поставувањето на одбранбената и економската политика на Израел.

    И покрај национализмот, Нетанјаху ги нормализираше односите со арапските држави во околината, а во негово време беше постигнат импресивен економски раст. Но, тој исто така беше повеќе подготвен јавно да се конфронтира со Соединетите Држави за иранската нуклеарна програма отколку владата во заминување, нешто што ги влоши врските со Вашингтон.

    Големи делови од неговата автобиографија се занимаваат со неговите понекогаш бурни, но фундаментално силни односи со поранешниот американски претседател Доналд Трамп, додека тој сега ќе мора да се справи со поскептичната Бела куќа под Џо Бајден.

    Во средата, можеби обидувајќи се да ги смири стравувањата во странство, тој изрази уверување дека ќе може да изгради одговорна коалиција која ќе избегне „непотребни авантури“ и „ќе го прошири кругот на мирот“.

    Тој круг повеќе изгледа како да се разгорува поради огнената реторика на неговите сојузници во коалицијата.

    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img