Не смее пиле да прелета во близина на спортската сала „Борис Трајковски“ во пресрет на утрешната трибина на СДСМ која треба да се одржи во оваа сала.
Како што објави порталот А1.Он, сите шест влезови на паркингот кај спортската сала се затворени од полицијата, а вакви засилени мерки се преземени наводно поради големиот број дојави за поставени бомби во разни објекти.
„Објектот е под целосна полициска опсада, најверојатно поради безбедносна проценка на МВР, а со цел, ако утре има дојава за бомба, да не мора присутните да се вадат надвор од трибината“, објави порталот.