More

    Христијан Мицкоски-Од власта се плашат и знаат дека ВМРО-ДПМНЕ ќе ја формира следната влада.

    spot_img

    Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски, по апсењето на наводно блиски луѓе и обвинувањата од СДСМ за инволвираност за случајот со продажбата на ниви во Делчево, истакна дека се конструираат лаги и измислици и се дефокусира јавноста од тешкиот живот и инфлацијата, бидејќи се плашат и знаат дека ВМРО-ДПМНЕ ќе ја формира следната влада.

    – Навикнат сум околу мене да се конструираат лаги, измислици и невистини, четири и пол години сум претседател на ВМРО-ДПМНЕ и најчесто тие што тоа го конструираат завршуваат со судски пресуди и треба да се извинат. Така беше многу пати во минатото така е и сега и така ќе биде во иднината. Нормално уплашени се знаат дека ВМРО-ДПМНЕ е партија која што ќе ја формира следната влада и знаат дека ќе треба да одговараат за криминалот па сега се обидуваат да растураат пердуви и да конструираат лаги и измислици и да ги поврзуваат со мене. Но тоа мене дополнително ме мотивира да продолжам да работам онака како што до сега сум работел чесно, посветено,мотивирано така било и така и ќе биде. Се обидуваат да ја дефокусираат јавноста од брилијантното однесување во парламентот, од инфлацијата, од тешкиот живот, од сите оние фаули што ни се случуваат секојдневно со тоа што нешто ќе поврзат негативно во општеството со мене. Да бидеме јасни и прецизни, јас верувам во презумција на невиност но исто така секој оној што се огрешил пред законот, родена сестра и брат да е, ќе одговара, времето на неказнивост на поединци во општеството заврши, времето на луѓето кои што мислат дека ќе си поигруваат со законот, заврши, но тоа важи и за сите останати кои што биле на линија на законот од едната или од другата страна. Затоа сакам да им порачам на сите оние конструктори и измислувачи на лажни вести дека продолжуваме понатаму да се бориме против криминалот и корупцијата, продолжуваме понатаму да ги реализираме проектите а нормално повторно ние ќе се најдеме на суд и повторно нивниот партизиран суд, нивните партизирани органи на прогонот ќе треба да се извинат – нагласи Мицкоски.

    Што се однесува до последниот инцидент во Собранието, кога спикерот Талат Џафери ги заклучи вратите на собраниската сала, тој вели дека се срами од недоличните постапки.

    – Полн е за жал спикерот со примитивизам, и тоа навистина делува фрустрирачки за сите граѓани. Не за нас што се срамиме од тие недолични постапувања што се занимаваме со политика, туку сите граѓани. Еве, прашајте ги луѓето овде и насекаде. Тој примитивизам навистина згрозува. Но, морам да кажам не е наивен. Затоа што тој примитивизам има своја цел, а таа цел е да предизвика инцидент налик на оној од 27-ми април, и да може овој примитивец заедно со сите тие кои што го поддржуваат да бидат претставени во едно поинакво светло од тоа што се – додава тој.

    Тој додаде и дека наскоро во Собранието ќе пристигнат амандманите на ВМРО-ДПМНЕ, коишто се однесуваат на ребалансот на буџетот.

    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img