Витешки коњ му се сврте и го потурна хрватскиот претседател Зоран Милановиќ кога тој проба да се слика со животното и со јавачот, добитник на наградата на витешки натпревар во Барбан. Благодарение на обезбедувањето, претседателот не падна и немаше инцидент. Случката на камера ја фати Хрватската радио телевизија.