More

    Франција беше погодена од нов штрајк во вторникот, Британија се подготвува за среда

    spot_img

    Вториот штрајк во Франција го прекина производството на електрична енергија, училишните часови и јавниот превоз во вторникот, откако владата најави зголемување на старосната граница за пензионирање, додека Британија се подготвува за штрајкови во среда и 6 февруари.

    Со многу непопуларната реформа, против која на 19 јануари мирно протестираа еден до два милиони луѓе, се предвидува поместување на старосната граница за пензионирање од 62 на 64 години, што беше едногласно отфрлено од синдикатите, но и од левите и крајно десничарските опозициски партии.

    Синдикатите најавија протести низ Франција за вторник во обид да го задржат притисокот врз владата и се надеваат дека одѕивот ќе се совпадне со оној од 19 јануари.

    „Оваа реформа е неправедна и сурова“, рече Лук Фаре, генерален секретар на синдикатот на државните службеници УНСА. Според него, поместувањето на границата за целосна пензија на 64 години е социјално назадување.

    Поради штрајкот, од среда наутро сообраќа еден од три брзи возови (ТГВ), а уште помалку локални и регионални возови. Во хаос е и сообраќајот на париското метро.

    Половина од наставниците во основните училишта нема да доаѓаат на работа, работниците во нафтените рафинерии и други сектори штрајкуваат, вклучително и јавните медиуми, па радиото и телевизијата наместо вести ќе пуштаат само музика.

    Анкетите покажуваат дека огромното мнозинство Французи се против реформата, но претседателот Емануел Макрон и неговата влада не покажуваат знаци на попуштање.

    Макрон повторува дека ова е „клучна“ реформа за да се одржи жив пензискиот систем.

    Владата тврди дека со зголемување на старосната граница и продолжување на плаќањата треба да се гарантира финансиската стабилност на францускиот пензиски систем, што противниците на реформата го спорат.

    Синдикалците тврдат дека постои друг начин да се обезбеди одржливост на пензискиот систем, а како решение за проблемот го наведуваат оданочувањето на супербогатите и поголем придонес од работодавачите и побогатите пензионери.

    Во предлог-законот, Владата направи одредени отстапки со намалување на старосната граница за пензионирање од 65 на 64 години и одредување на минималната пензија на 1.200 евра месечно за секого.

    Нови штрајкови веќе се најавуваат во пристаништата, рафинериите и електраните од 6 февруари. Железничарите најавија штрајк за 7 и 8 февруари, со можно враќање на улиците „уште кон средината на февруари“, предупредуваат синдикатите ЦГТ и СУД.

    Предлог-законот в понеделник ќе стигне до Народното собрание, каде најпрво ќе се расправа на комисија. Поднесени се над 7.000 амандмани, главно од левицата.

    А Британија штрајкува
    И Британија се подготвува за штрајк на 1 февруари, кога работниците од различни сектори на економијата треба да престанат со работа, додека пет дена подоцна ќе штрајкуваат здравствените работници.

    Наставниците во Англија и Велс ќе штрајкуваат во среда, откако една деценија мизерни плати во државните училишта принуди многумина да работат две работни места или да ја напуштат професијата.

    Ним ќе им се придружат стотици илјади работници, вклучително и државни службеници и железничари. Тоа ќе биде најголемиот штрајк во ОК со децении кога ќе се земе предвид опсегот на индустрии и сектори опфатени со штрајкот.

    Пет дена подоцна, на 6 февруари, здравствените работници ќе штрајкуваат.

    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img