Претседателката на Европската комисија Урсула фон дер Лајен пристигна во посета на Киев.
„Моја трета посета на Киев од почетокот на руската војна. Толку многу се промени, Украина сега е кандидат за членство во ЕУ. „Ќе разговарам со претседателот Зеленски и премиерот Шмигали како да ги зајакнеме нашите економии и да ги приближиме нашите народи додека Украина напредува кон полноправно членство“, напиша Фон дер Лајен на Твитер.
Зеленски на претседателот на Европската комисија му додели и Орден Јарослав Мудриот од прв степен.
„Ова е голема чест за мене. Ја прифаќам оваа награда во името на сите граѓани на Европската унија и како симбол на нашата силна поврзаност“, нагласи таа во таа прилика.