Себастијан Фетел беше позитивен на коронавирус и нема да може да вози на првата трка од сезоната.
Возачот на Астон Мартин, Себастијан Фетел, беше позитивен на коронавирус и нема да може да вози на Големата награда на Бахреин овој викенд.
* Најавата за новата сезона најдете ја овде.
Како што потврдија од Aston Martin, на негово место ќе дојде Нико Хилкенберг.
Викендов започнува сезоната во Формула 1, а првиот слободен тренинг е во петок во 13 часот.
Преносите се на Спорт Клуб ХД.