More

    Учебници за основно има и се распределуваат согласно потребите на општините

    spot_img

    Новите учебници за основно образование се набавуваат и распределуваат согласно искажаните потреби на општините, информираат од Министерството за образование и наука.

    – Министерството за образование и наука цени дека неосновано се повикуваат родителите на ученици од основните училишта во општина Тетово да потпишат петиција до МОН со која се бара обезбедување на учебници и корекција на содржински забелешки во истите најдоцна до 28 февруари. Не би сакале да веруваме дека се работи за иницијатива на политички центар и затоа со граѓаните споделуваме повеќе информации за процесот на набавка и испорака на учебници – се наведува во соопштението.

    Од МОН потсетуваат дека во тек е реформа на националниот образовен систем во делот на основното образование, која подразбира етапна изработка на нови наставни планови и програми врз основа на кои се изработуваат и нови учебници.

    – Минатата учебна година беа опфатени прво и трето одделение, а годинава второ и четврто одделение. Учебниците кои се изработени, одобрени и набавени по сите предмети од овие одделенија, а согласно искажаните потреби на училиштата пред почетокот на учебната година, се веќе испорачани и се користат од страна на учениците. Дополнително во тек е испорака на учебници по одредени предмети, за кои постапките за одобрување завршија подоцна од предвиденото време – посочуваат од МОН.
    Во другите одделенија нема нови учебници, затоа што, како што нагласуваат од МОН, реформата предвидува нивен опфат во следните учебни години.

    – Остануваат да важат постојните учебници, кои согласно законските прописи се користат најмногу пет години и од тие причини не се печатат нови количини по одредени предмети и тоа најчесто по ликовно, музичко и техничко образование – потенцираат од Министерството.

    Според податоците, како што велат од МОН, општина Тетово оваа учебна година добила најголем тираж на учебници, споредбено со тоа што е побарано од локалната самоуправа. Поточно, од побараните 52.884 учебници, испорачани се 42.000 учебници (79,4 отсто). Претходната учебна година соодносот е 45.563 побарани и 20.440 испорачани учебници (44,8 проценти), додека во 2020-2021 година побарани се 84.575 примероци, а испорачани се 39.725 учебници (43 отсто). Најголем дел од испорачаните учебници се целосно нови, изготвени согласно новите наставни програми кои ги предвидува реформата.

    Од МОН истакнуваат дека за учебната 2023/2024 ќе има нови наставни програми за трето и шесто одделение и врз основа на истите ќе се изработат и нови учебници. Постапките, како што се додаваат, се отпочнати и се очекува навремена испорака и тираж кој ќе ги задоволи потребите на сите училишта согласно бројот на ученици.

    – Со оглед на комплексноста на процесот на реформирање, бројни се и предизвиците, но со залагање на сите чинители, тие се надминуваат. Квалитетен систем на образование не се гради преку ноќ, ниту без совладување на проблеми. Апелираме до сите локални самоуправи, образовни установи и воопшто до граѓаните да се вклучат партнерски и да дадат свој придонес, со цел реформата успешно да биде заокружена – информираат од Министерство за образование и наука.

    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img