Белорускиот претседател Александар Лукашенко смета дека Унијата на Белорусија и Русија би можела да привлече други земји. Белорускиот претседател Александар Лукашенко смета дека Унијата на Белорусија и Русија би можела да привлече други земји.
„Сигурен сум дека и другите републики од поранешниот Советски Сојуз ќе се приклучат на таков сојуз“, рече тој во четвртокот на средбата со гувернерот на областа Воронеж, Александар Гусев, пренесува руски ТАСС.
Лукашенко нагласи дека гледа голем интерес во руските региони за развој на соработката со Белорусија. Тој додаде дека се обидуваат да „изградат единствена држава на Унијата врз основа на нови принципи, за никој да не биде навреден и за да можат да се развијат суверени и независни држави – Белорусија и Русија“.