Руските медиуми ја потврдија веста за смртта на заменик-командантот на Црмоморската флота на руската воена морнарица, Андреј Пали.
Според извештаите, тој загинал во борбите околу Мариупол, во обидот да ја спроведе евакуацијата на цивилното население.
Михаил Подољак, советник на украинскиот претседател, тврди дека во Украина биле убиени шест руски генерали.
– Високата стапка на смртност на високите офицери на Руската Федерација е фрапантна. Шест генерали веќе се убиени: мајор Генс Тушаев, Герасимов, Колесников, Суховецки, Митјаев и генерал-полковник Мордвичев. Десетици полковници и други офицери. Руската армија е целосно неподготвена и се бори само со бројност и крстосувачки ракети – рече тој.
Во меѓувреме, друг советник на претседателот, Алексеј Арестович, вели дека линиите на фронтот меѓу украинските и руските сили се „практично замрзнати“, бидејќи Русија нема доволно борбена сила за да напредува понатаму.