More

    Украинците за четири дена би ги окупирале регионите

    spot_img

    План за враќање на изгубените територии во регионите Донбас и Доњецк и тоа за само четири дена поседува украинската војска, а детално видео од операцијата „Чисто поле“ синоќа се вртеше на Московската телевизија. По вчерашното гранатирање на пет, а според некои медиуми, девет населени места во Донбас, за кое Киев и Москва меѓусебно се обвинуваа, тензиите растат, пишува Б92.

    Судејќи според планот од видеото, главниот удар не би дошол од чело, туку од страна, каде што се верува дека силите на Доњецката и Луганската Народна Република се најслаби, а потоа единиците на украинската армија би се сретнале меѓу себе на претходно утврдени правци.

    Единиците кои би го нападнале истокот преку Александровка и Славјаносербска и Луганска ќе се спојат со единиците на украинската армија кои доаѓаат од југ. Местото на средбата е Красни Луц. Видеото сугерира и дека украинската армија веќе пробува да ги блокира позициите на бранителите со својата артилерија од 152 и 203 милиметри.

    Имено, ако сè што е објавено е вистина, некои работи не се вклопуваат, особено местото Александровка во предградието на Доњецк, село кое денеска беше цел на украинската артилерија, а кое треба колективно да биде иселено во петок наутро.

    Од друга страна, има и такви кои сметаат дека видеото е чиста руска пропаганда и начин да се оправда окупацијата на Украина поради заканата за проруското население. Некои тврдат дека основата на овој план е токму за да се оправда инвазијата на руската армија врз Украина и окупацијата на нејзиниот источен дел и обединувањето на Придњестровје со мајката Русија.

    – Секоја индикација што ја имаме е дека тие се подготвени да одат во Украина, да ја нападнат Украина … Претчувствувам дека тоа ќе се случи во следните неколку дена – изјави вчера американскиот претседател Џо Бајден пред новинарите.

    Операцијата „Чисто поле“ беше планирана и за истиот период кога Грузија ја нападна Јужна Осетија, по нападот на грузиските безбедносни сили. Некои детали покажуваат дека оваа операција има сличности со грузиската акција во нападот на Јужна Осетија во 2008 година.

    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img