Украинската влада денеска до парламентот поднесе предлог-закон со кој може да се укине Украинската православна црква доколку украинските власти утврдат дека е поврзана со Русија.
ТАСС наведува дека предлог-законот е изготвен според инструкциите на украинскиот претседател Володимир Зеленски.
Претставникот на владата во собранието, Тарас Мелничук, на мрежата Телеграм напиша дека предложениот закон предвидува измени на сегашниот закон со кој се оневозможува работење на верските организации чиј центар на управување е надвор од Украина, поточно во држава што врши агресија врз Украина.
Украинскиот претседател Зеленски кон средината на декември му нареди на парламентот да подготви нацрт-закон за забрана на „верските организации поврзани со центри на влијание во Руската Федерација”, јави ТАСС.