Командата на воздухопловните сили на вооружените сили на Украина соопшти дека земјата од своите партнери ќе добие 70 борбени авиони МиГ-26 и Су-25, пишува Б92. Доколку е потребно, тие авиони можат да бидат распоредени и на полските аеродроми, од каде што украинските пилоти ќе извршуваат борбени задачи, се наведува во соопштението објавено на Фејсбук, пренесува агенцијата Интерфакс Украина.
Според командата на украинските воздухопловни сили, Бугарија ќе даде 16 авиони МиГ-29 и 14 Су-25, Полска – 28 авиони МиГ-29, а Словачка – 12 авиони МиГ-29.
Истовремено, британскиот премиер Борис Џонсон му рекол на украинскиот претседател Володимир Зеленски дека ќе обезбеди поголема воена поддршка за Украина во наредните денови, изјави вчера портпаролот на неговиот кабинет.
„Премиерот го информираше претседателот Зеленски за воената поддршка на Обединетото Кралство што е испратена до Украина и вети дека ќе ја испрати во наредните часови и денови“, велат од кабинетот.