Мажот кој уби десет луѓе во саботата за време на прослава на кинеската Лунарна Нова година во сала за танцување во Монтереј Парк, град во близина на Лос Анџелес, изврши самоубиство.
Шерифот на округот Лос Анџелес Роберт Луна објави дека убиецот е идентификуван како 72-годишен Ху Кан Тран, но неговиот мотив за масакрот е непознат.
Убиецот си го одзел животот вчера во градот Торанс, на околу 30 километри од местото на злосторството, откако полицијата го идентификувала.
Откако уби десет луѓе во Монтереј, Тран со пиштол упаднал на прослава на кинеската Нова година во Алхамбра, но обезбедувањето успеало да го неутрализира.
Монтереј Парк е град кој се наоѓа на околу единаесет километри од центарот на Лос Анџелес. Има oколу 60.000 жители од кои две третини се Азијци.