Статија во весник го издаде озлогласениот италијански шеф на мафијата Едгардо Греко. Најмалку три години се криел како пица-мајстор на југот на Франција, а потоа се охрабрил да се пофали во весник. Греко бил првично господар на југот на Италија и Калабарија, шеф на групата „Ндрангета“, за разлика од неодамна уапсениот Месина Денаро кој бил „капо ди тути капи“ во „Коза Ностра“, пишува Би-Би-Си.
И двајцата биле барани за грозоморни убиства во 1990-тите. Тогаш владееле т.н. „мафијашки војни“. Во една од нив, две лица, Стефано и Џузепе Бартоломео биле претепани до смрт во продавница за риби во малото гратче Козенца. Нивните тела се верува дека биле растворени во киселина.
Греко бил дел од ривалска банда, а исто така бил обвинет и за обид за убиство на друго лице подоцна истата година во истиот град. Кога правосуден судија издаде налог за негово апсење во 2006 година, Греко избега. Тој веќе е осуден на доживотен затвор.
Осум години подоцна, тој се населил во францускиот град Сент Етјен, југозападно од Лион и на крајот се вработил како пица мајстор во италијански ресторан. Го сменил името во Паоло Димитрио.
Меѓутоа, во јули 2021 година, тој беше доволно уверен во својот нов назив што дури и се појави во локален весник, фалејќи се во статија за „регионалните и домашни рецепти“ на неговиот ресторан како равиоли, рижото и таљатели.
Греко, кој користел име на криминалец од Апулија во југоисточна Италија, тогаш носел сива брада и очила. Во написот, тој бил наречен Италијанец по раѓање, но во срцето жител на Сент Етјен.