Турскиот министер за внатрешни работи Сулејман Сојлу изјави дека земјата не ја прифаќа пораката на сочувство на САД во врска со терористичкиот напад во Истанбул.
Портпаролката на Белата куќа, Кетрин Жан-Пјер, во писмена изјава напиша дека САД најостро го осудуваат „актот на насилство што се случи во Истанбул“, јавува Anadolu Agency.
Шест лица загинаа, а 81 се повредени во експлозија на улицата Истиклал, за која властите велат дека ја извршил сирискиот огранок на Курдистанската работничка партија (ПКК), која Турција ја смета за терористичка организација.
Уапсената осомничена признала дека наредбата за нападот ја добила од центарот на терористичката организација во Кобане, Сирија, соопштија турските власти.
Во изјава за новинарите на местото на експлозијата, министерот за внатрешни работи рече дека одговорниот за нападот ќе побегнел во Грција доколку не бил фатен.
Тој рече дека е уапсен и оној кој го планирал нападот.