More

    Туркије прогласи седумдневна национална жалост по смртоносните земјотреси кои погодија неколку јужни провинции

    spot_img

    Туркије прогласи седумдневна национална жалост по смртоносните земјотреси кои погодија неколку јужни провинции, соопшти денеска турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган.

    – Поради земјотресите што се случија во нашата земја на 6 февруари, прогласена е национална жалост во траење од седум дена. Нашето знаме ќе биде на половина копје до зајдисонце во недела на 12 февруари во целата наша земја и во претставништвата во странство – напиша Ердоган на Твитер.

    Според последните информации, во земјотресите со јачина од 7,8 и 7,5 степени според Рихтеровата скала што денеска погодија големи делови од Туркије и Сирија, во Туркије загинале 1.762 луѓе, а повеќе од 12.000 се повредени.

    Само во северна Сирија се загинати повеќе од 1.000 луѓе.

    Бројот на загинати во областите под контрола на владата се искачи на 570, соопшти Министерството за здравство на земјата. Во деловите под контрола на бунтовниците во северозападниот дел на земјата, според спасувачката група „Бели шлемови“, загинале најмалку 430 луѓе.

    Контролата на северна Сирија е поделена меѓу владата, силите предводени од Курдите и другите бунтовнички групи кои се во конфликт.

    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img