More

    Туристички брод со патници удрил во сплитското западно крајбрежје

    spot_img

    Хрватската полиција објави нова информација за несреќата која ноќеска се случила кога туристички брод со патници удрил во сплитското западно крајбрежје, капетанот бил приведен затоа што бил во алкохолизирана состојба.

    Бродот „Морска вила“ удрил во брегот во 2 часот и 30 минути, каде што на пристаништето се наоѓа бензинската пумпа, пренесува Индекс.хр.

    На бродот имало 50 патници и сите успеале да се симнат од бродот и за среќа нема повредени. Бродот подоцна потонал.

    Капетанот бил во алкохолизирана состојба

    На местото на настанот излегле пожарникари, вработени во Капетанијата на пристаништата и полициски службеници.

    Истрагата спроведена од Капетанијата на пристаништата е во тек, додека капетанот на бродот е приведен во службените простории на полицијата заради спроведување кривична истрага поради тоа што е констатирано дека е во алкохолизирана состојба и поради тоа е осомничен за кривично дело Загрозување посебни видови сообраќај, соопшти полицијата.

    фото: Принтскрин/Индекс.хр

    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img