More

    Тони Матичевски го облече ангелот на „Викторијас сикрет“

    spot_img

    Светски познатиот топмодел Џозефин Скривер блесна во креација на македонскиот дизајнер Тони Матичевски.

    Џозефин Скривер (29) изгледала неверојатно елегантно додека позирала на премиерата на „Downton Abbey: A New Era“ во Метрополитен операта во Њујорк во неделата.

     

    Моделот на „Викторијас сикрет“ облекла бледо розова тоалета до подот, покажувајќи ги своите затегнати нозе со смел изрез до бутовите.

    Неверојатната тоалета има асиметричен дизајн, едното рамо е откриено, додека другото го красат богати карнери.

     

    „Дејли мејл“ објави дека супермоделот носи дизајн по нарачка на омилениот бренд за вечерна облека – Тони Матичевски.

    „Ја сакаме карактеристиката со еден ракав и пудрестата розова нијанса, со целосното здолниште и изрезеот до бедрата создава убава драма.“

    Инаку, Џозефин, која по потекло е од Данска, ги носи ревиите на светски познатите брендови, ги красела страниците на магазинот „Спортс  илустрејтед“, заштитно лице е на козметичкиот гигант „Мејбилајн“…

     

    Тони Матичевски е македонски дизајнер кој живее во Австралија. Славните ѕвезди ширум светот обожаваат да ги носат неговите креации, меѓу кои и Ким Кардашијан и Џенифер Лопез.

    ФОТО: Фејсбук/Инстаграм

    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img