Пред еден месец, познатиот актер Том Хенкс ја понуди својата „пегличка“ на продажба преку аукција, а во меѓувреме овој автомобил доби нов сопственик кој за него издвоил дури 83.500 долари (околу 76.000 евра).
Ова е веројатно најскапо платениот „Fiat 126p“ во историјата.
А сè започна во 2016 година, кога Том Хенкс на шега објави селфи со „Fiat 126p“ во Будимпешта, каде што престојувал поради снимање филм. Тоа било доволно за да го привлече вниманието на жителката на Биелско-Биала и обожавателка на Хенкс, Моника Јасколска.
Жителите на градот Биелско-Биала во Полска ја забележале неговата воодушевеност од овој автомобил, поточно сограѓанката Моника Јасколска и за роденден му ја подариле сопствената „пегла“.
Познато е дека „пегличката“ е еден од симболите на полската автоиндустрија, со оглед на тоа дека овој мал автомобил е произведен од полскиот „Fiat“, токму во местото каде што живее обожавателката на познатиот актер.
Кога Јасколска ја видела фотографијата на Том, започнала кампања за да му купи и подари еден таков автомобил. Хенкс бил пресреќен и донирал голема сума на пари во болницата во која работела Јасколска.
Шест години подоцна, Хенкс одлучи да го продаде истиот тој „Fiat 126p“ за финансирање на хуманитарната кампања „Hidden Heroes“.
Автомобилот беше понуден за продажба на веб-страницата „bringatrailer.com“ каде достигна цена од 83.500 долари, што е веројатно историски рекордна цена за еден ваков модел.
ФОТО: Јутјуб