More

    Тенкови заминуваат по завршетокот на воените вежби

    spot_img

    Некои војници во руските воени области во непосредна близина на Украина се враќаат во своите бази по завршувањето на вежбите, соопшти руското Министерство за одбрана, а пренесе агенцијата Интерфакс. Овој потег би можел да ги олабави и да ги деескалира судирите меѓу Москва и Западот, пишува Блумберг.

    Според Министерството, се работи за трупи од јужниот и западниот воен округ. Јутјуб-каналот РусијаДенес објави и видео во кое се гледа како тенкови и оклопни возила си заминуваат по крајот на вежбите.

    Вкупната бројка на руски војници на украинската граница се проценува над 100.000, а некои бројки одат и до 130.000 регрути. Откако синоќа во видеообраќање украинскиот претседател Володимир Зеленски рече дека наслушнал оти „напад ќе има на 16 февруари“, официјален Кремљ негира каква било окупација и вели дека има уште време за решение.

    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img