Претседателот на Србија Александар Вучиќ денеска телефонски треба да разговара со претседателот на Русија Владимир Путин за новиот договор за гас, за односите меѓу двете земји и за ситуацијата во Украина.
Вучиќ претходно изјави дека верува оти Србија „ќе добие фер цена за гасот од своите руски партнери“.
Се надевам дека разговорот ќе биде добар и коректен“, рече Вучиќ.
Како што рече Вучиќ, разговорот со Путин е закажан за 11 часот.