Алијанса за Албанците чека да види дали владејачките партии ќе ги исполнат нејзините барања за влез во владиното мнозинство. Доколку тоа не се случи, претседателот на партијата, Арбен Таравари, вели дека најверојатно ќе се оди на избори.
– Доколку АА не влезе во Влада, тогаш 100% нема да бидат обезбедени 80 пратеници и најверојатно ќе се оди на предвремени парламентарни избори. Доколку влеземе во Влада, тогаш ќе дадеме шанса да се обезбеди бројката од 80, но дали тоа ќе се случи не зависи од нас – рече Таравари, пренесе ТВ21.
Тој вели дека нивните барања не се кадровски, туку повеќе програмски.
– Нема веќе Министерство за бурек. Вие знаете дека не прифаќаме такви министерства – изјави Таравари.
Како што се зборува во политичките кругови, мета на Таравари е Министерството за здравство, но Алтернатива, чиј кадар раководи со ова министерство, не попушта.