More

    Странски платеници ги ловат Русите во Украина како на сафари

    spot_img

    Амбасадорот на Русија во САД тврди дека странците кои се борат заедно со украинските сили ловат Руси кои се борат во војната во Украина.

    Анатолиј Антонов за рускиот весник „Известија“ изјави дека во борбата против руските сили од почетокот на војната се приклучиле странски криминалци и платеници, пишува „Њуз вик“.

    – Никој на Запад не го крие тоа. На украинска територија се собраа огромен број платеници и криминалци од различни видови. Изгледа како да се на сафари и ловат Руси – изјави рускиот амбасадор Антонов.

    Рускиот весник објави дека Антонов исто така изјавил дека Западот ја користи Украина како инструмент за борба против Русија и дека постои желба Русија да стане третокласна земја или да се подели на десетина помали држави.

    „Њуз вик“ контактирал со Украинската меѓународна легија за територијална одбрана за коментар. Легијата е основана во февруари, а Киев објави дека околу 20.000 странски борци изразиле интерес да се приклучат. Сепак, не е јасно колку Американци има меѓу тие борци.

    Фото: Илустрација

    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img