More

    СТРАНСКИ ИНВЕСТИТОР ЌЕ ВЛОЖИ 50 МИЛИОНИ ЕВРА ВО ПОПОВА ШАПКА?

    spot_img

    Првиот снег ги подгреа очекувањата на македонските ски-центри дека оваа сезона можеби ќе биде подобра од претходните. Но, пораснаа и надежите дека можеби нашиот најголем центар, Попова Шапка, конечно ќе добие стратешки инвеститор.

    Неофицијално дознаваме дека Владата и министерот за животна средина Насер Нуредини во текот на следната недела ќе соопштат дека пронашле приватен инвеститор од Средна Европа со намера да вложи 50 милиони евра во Попова Шапка, ски-центар со најголем, но неискористен потенцијал во регионот. Министерот Нуредини големата новост ја најави во тетовско Боговиње, а за тоа извести порталот Република.

    На струја нема да се штеди

    Во меѓувреме, Попова Шапка и Маврово веќе ги подготвија расположливите капацитети и планираат да ги активираат сите ски-лифтови и жичарници, но не знаат кога ќе почне ски-сезоната, која во македонски услови почнува кога ќе има доволно и квалитетен природен снег. Ако послужи времето, годинава се очекуваат гости и скијачи и од странство.

    „Елемтурс“, кој стопанисува со ски-центрите Попова Шапка на Шар Планина и со Копанки на Пелистер, вели дека и покрај кризата со струјата, годинава планираат сите ски-лифтови и жичници да работат цела сезона.

    – Ски центарот Попова Шапка и хотелот „Славија“, како и ски центарот Копанки и хотелот „Молика“ се подготвени и за оваа зимска сезона. Планинарскиот дом во Маврови Анови оваа сезона нема да работи – велат од „Елемтурс“.

    Зимување во ски-центрите Маврово и Попова Шапка чини поевтино од она што го нудат зимските центри во соседството, ако се имаат предвид цените на пансионите во хотелите, но тука треба да се додадат и цените на ски-билетите за жичниците и за опремата, ако се изнајмува. За овие услуги ски-центрите немаат објавени ценовници.

    Во хотелите на „Елемтурс“ евтинија

    Во хотелите на „Елемтурс“ на Попова Шапка и на Пелистер цените на пансионите се скоро идентични. Седумдневен престој со полн пансион во хотелите „Попова Шапка“ и „Славија“ на Попова Шапка, според објавениот ценовник, чини 210 евра во претсезона и околу 300 евра во сезона без парите што ќе треба да ги потрошите за ски-лифтови и паркинг.

    За еден ден престој во двокреветна соба во претсезона (до 15 декември) по лице во хотелите „Попова Шапка“ и „Славија“ се плаќа 1.320 денари за ноќевање со појадок, 1.620 денар за полупансион и 1.900 денари за цел пансион. Во екот на сезоната, односно од јануари до крајот на март, цените се 1.700 денари за ноќевање, 2.180 денари за полупансион и 2.520 денари за полн пансион. Во овие хотели има и трикреветни и четирикреветни соби.

    Во хотелот „Молика“ на Пелистер, пак, цената за престој во двокреветна соба со полн пансион во предсезона изнесува 2.220 денари по лице, а во екот на сезоната 2.400 денари.

    Според објавените ценовници, во хотелите „Бистра“, „Спорт“ и „Лоџ“ во Маврово годинава седумдневен престој во двокреветна соба изнесува од 420 до 623 евра, зависно од тоа дали е стандард или делукс.

    Еднодневен пансион во двокреветна соба во овие хотели се движи од 60 евра во стандардна соба до 89 евра делукс соба во периодот од понеделник до четврток, а за викендите цените се повисоки за викендите и изнесуваат од 45 во стандардна до 99 евра во двокреветна делукс соба.

    Во овој центар, кој важи за најпопуларен во земјава, посебно се очекуваат викенд гости и скијачи.

    И скијањето џабе…

    Двата скијачки центри досега не ги објавија цените на ски-билетите, бидејќи промоциите само што почнале.

    – Во моментов во тек е промоција за претпродажба на ски билетите за Попова Шапка и Копанки, а во првиот дел на ноември имавме и рана претпродажба. Реакциите на јавноста се исклучително позитивни, бидејќи, земајќи ја предвид целата економска состојба на граѓаните, оваа сезона понудивме најниски цени за скијање во целиот регион. Исто така, новина од оваа година е што сопствениците на сезонски ски билет за Попова Шапка можат бесплатно да скијаат три последователни дена во  Колашин 1600 во Црна Гора, но и обратно. Наскоро ќе бидат објавени и цените за дневните ски билети за оваа сезона – информираат од „Елемтурс“.

    Ланската цена на еднодневен ски билет во Маврово беше 1.000 денари, полудневниот 800 денари, а сезонската ски карта 20.000 денари. На Попова Шапка дневниот ски билет изнесуваше 1.000 денари, а полудневниот 700 денари. Сезонскиот ски билет чинеше 10.000 денари. Во ски центарот Копанки на Пелистер цената на дневниот ски билет изнесуваше 300 денари, додека пак сезонскиот ски-билет чинеше 4.000 денари.

    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img