Стивен „Твич“ Бос (40), познат како диџеј кој ја придружуваше Елен Деџенерис неколку сезони од нејзиното шоу, е пронајден мртов.
Според информациите, тој извршил самоубиство.
Извори од полицијата изјавија за ТМЗ дека сопругата на Стивен, Алисон Холкер, влетала во полициската станица вчера и била многу исплашена и рекла дека нејзиниот сопруг го напуштил нивниот дом без автомобил – нешто што тој никогаш не го прави.
Малку подоцна утрото, итната помош била повикана во хотел во Лос Анџелес, каде го пронашле Стивен, кој наводно се самоубил пукајќи си со пиштол во глава. Констатирана е смрт на местото на несреќата.
Неговата сопруга Алисон ја потврди тажната вест.
– Стивен ја осветлуваше секоја просторија во која се појавуваше. Тој ги ценеше семејството, пријателите и заедницата пред сѐ друго и нѐ водеше со љубов и светлина. Тој беше столбот на нашето семејство, најдобриот сопруг и татко и инспирација за неговите обожаватели – рече таа, а потоа продолжи:
– Да се каже дека оставил нешто зад себе би било потценување, а неговото позитивно влијание ќе продолжи да се чувствува. Сигурен сум дека нема да помине ден, а да не го почитуваме неговиот спомен. Стивен, те сакаме, ќе ни недостигаш и секогаш ќе ти го зачувам последниот танц.
Твич стана гостин диџеј на Елен во 2014 година и беше со неа до самиот крај. Тој стана и продуцент на шоуто во 2020 година.
Во јавноста се прослави во шоуто „So you think you can dance“ во 2008 година, каде покажа одлични танцувачки вештини и го освои второто место. Се појави во филмовите „Magic Mike XXL“ и „Step up“.
Тој ја запознал својата сопруга кога се натпреварувале во сезоната „Ол Стар“ на еден танцов натпревар. Тие се венчаа во 2013 година, а минатата сабота ја прославија деветтата годишнина од бракот. Во бракот добија три деца.