More

    Станковиќ, Тоти, Манчини и плејада легенди и навивачи го испратија Синиша

    spot_img

    Легендарниот српски фудбалер Синиша Михајловиќ денеска беше погребан во Рим, кој пред неколку дена почина по долгата битка со леукемијата.

    Неговото тело ќе почива на гробиштата на базиликата „Света Марија на ангелите и мачениците“, а ковчегот од црквата го изнесоа пријателите на Миха. Во преден план беа најблиските – Дејан Станковиќ и Роберто Манчини.

     

     

    Станковиќ е долгогодишен пријател на семејството Михајловиќ и меѓу првите се појави на погребот, а со Синиша играше во Лацио, Интер и репрезентацијата на Србија. Манчини и Михајловиќ се запознале во деведесеттите кога Синиша пристигнал во Серија А, а заедно работеле во неколку италијански клубови. Меѓу другото, Роберто го убеди Синиша да започне тренерска кариера и му даде шанса во стручниот штаб на Интер.

    До нив двајца, многу блиску до ковчегот со телото на легендарниот ас, имаше тројца фудбалери на Болоња. Телото на својот поранешен тренер го носеа десниот бек Лоренцо Де Силвестри, офанзивниот играч за врска Роберто Соријано и напаѓачот Марко Арнаутовиќ. Арнаутовиќ и Станковиќ го бакнаа ковчегот откако го донесоа до возилото.

    Од другата страна веднаш до Дејан Станковиќ беше Атилио Ломбардо. Тој еднаш ја делеше соблекувалната со Михајловиќ во Сампдорија и Лацио, а му беше и помошник за време на неговиот тренерски мандат во Торино.

     

     

    Покрај најбројните лацијали, пред базиликата каде е изложен ковчегот со телото на Михајловиќ пристигнале и претставници на навивачки групи на Интер, Сампдорија, Болоња и други.

     

     

    Италијанските медиуми јавуваат дека само на плоштадот пред влезот во базиликата се собрале илјадници луѓе меѓу кои и Роберто Манчини, Даниеле де Роси, Франческо Тоти, Клаудио Лотито, Бруно Конти, комплетниот тим на Лацио.

     

     

     

    Дејан Станковиќ со семејството, Драган Стојковиќ Пикси, претставници на Црвена Звезда и на Партизан, министерот за млади и спорт на Србија, Милан Гајиќ и многу, многу други видни личности од Италија, Србија и од целиот свет.

    Последна почит на Синиша Михајловиќ му оддаде и премиерката на Италија, Џорџа Мелони која со солзи во очите се поклони пред ковчегот на фудбалската легенда. А исто така со својот драг пријател пристигна да се збогува и поранешниот премиер Џузепе Конте, кој веста за смртта за Михајловиќ ја прими додека одржуваше прес-конференција, па поради шокот веднаш ја прекина.

    „Храбар, чесен човек, кој ги остави вистинските вредности зад себе“, објавија италијанските медиуми некои од зборовите што пријателите на Михајловиќ го опишаа на погребот.

     

     

    Хрватските фудбалери Роберт Просинечки и Звонимир Бобан испратија венец со порака: „Збогум Миха! Твои Роби и Белс“, а има и венци испратени од други клубови од Серија А, прославени играчи, тренери, спортски работници…

    На еден од транспарентите пишува „Збогум Синиша, ти си еден од нас“.

     

     

    Погледнете го последното испраќање на Михајловиќ:

    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img