Српската листа објави дека најавата за посетата на косовската претседателка Вјоса Османи на северот на Косово ја доживуваат како провокација на српскиот народ и форма на притисок врз граѓаните.
„На северот на Косово и Метохија никој не ја доживува Вјоса Османи за свој претседател, ниту ние, ниту нашите граѓани, а се додека е така, таа нема што да бара на северот на Косово и Метохија“, објави Српска листа.
Османи во вторник најави дека ќе го посети северот на Косово, но додаде дека за тоа е потребна согласност од претседателите на четирите општини со мнозинско српско население.