За заканувачки пораки испратени во Делчево и Кавадарци, полицијата влезе во трага на дел од дојавувачите за поставени бомби, истакна денеска министерот за внатрешни работи, Оливер Спасовски но не откри детали за истрагата. Тој рече дека истрагата ќе биде проширена, а безбедносните служби ќе ги зајакнат капацитетите за да се одбранат од каков било хибриден напад.