More

    Сопругот на пејачката почина од рак на желудникот

    spot_img

    Пејачката Келис (42) веќе извесно време не се појавува често во јавност, а сега е откриено дека нејзиното семејство водело тешка битка – нејзиниот сопруг Мајк починал по борбата со ракот на желудникот.

    Фотографот Мајк Мора (37) обелоденил дека боделува од рак во септември, 2021 година, а за својата дијагноза дознал една година претходно. Сепак, не било познато колку е тешка неговата состојба.

    Келис ја потврдила веста за трагедијата што го погодила нејзиното семејство.

    „За жал, вистина е дека Мајк Мора почина. Би ве замолиле да ја почитувате приватноста на Келис и нејзиното семејство во овој момент. Ви благодариме“, порачал претставникот за медиуми на пејачката, Стив Сатевејт.

    Келис со Мора била во брак од 2014 година, а една година подоцна го добиле синот Шефард, додека во 2020 година добиле и ќерка, чие име никогаш не е објавено. Пејачката од бракот со раперот Нас, со кој беше од 2005 до 2010 година, го има синот Најт.

    Келис и Мора живееле на фарма во Калифорнија, од јануари 2020 година, а заедно се грижеле за животните и за своите деца.

    Мора во септември 2021 година објавил дека има рак на желудникот, кој се проширил на лимфните жлезди.

    „Мислев дека е само чир на желудникот. Не можев ниту да претпоставам што би можело да ми се случи. Еве ме, во болнички кревет, среде пандемија, сосема сам. Многупати сме слушнале дека животот е краток. Тоа е вистина“, напишал тој тогаш на Инстаграм.

     

     

    ФОТО: Инстаграм

    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img