More

    Словенка загина на одмор во Крит, нејзиниот син е повреден

    spot_img

    Голема карпа падна врз апартмани на брегот на грчкиот остров Крит, при што загина една жена од Словенија, а нејзиниот осумгодишен син е повреден. Карпата ја погодила собата на жената и уште една соба во хотелот.

    Свлекувањето се случило денеска во раните утрински часови во семеен станбен комплекс за изнајмување покрај плажа, изграден под карпеста падина во Џерапетра.

    Полицијата соопшти дека карпата уништила две соби. Сопругот на жртвата (51) бил во друга соба и не е повреден. Под урнатините затрупани останале 47-годишната жена и осумгодишниот син. Околу 50 пожарникари пристигнале во областа и успеале да го спасат момчето откако еден час копале низ урнатините. Мајката на момчето била пронајдена мртва.

    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img