Словенечкиот премиер Јанез Јанша објави дека е позитивен на коронавирус, сомневајќи се дека го префатил од неговите две деца кои претходно се заразиле со вирусот.
„Веќе две години успешно го избегнуваме вирусот, но вчера двете момчиња беа позитивни, а мојот тест беше негативен. За жал денес и тој е позитивен. Сите сме со класични симптоми. Засега благи. Нека остане така.“ стои во изјавата на Јанша.
Според Националниот институт за јавно здравје на Словенија во земјата има 173.862 активни случаи, а неделен просек на дневни инфекции е нешто под 10.000 (9 862).