More

    Системот за заштита во нуклеарната централа Запорожје е подигнат на повисоко ниво поради можноста од напад на украинските сили

    spot_img

    Системот за заштита во нуклеарната централа Запорожје е подигнат на повисоко ниво поради можноста од напад на украинските сили, јавува Б92.

    – Заштитниот систем е подигнат на повисоко ниво, не можам да обелоденам детали. Очекуваме денеска да бидеме целосно подготвени бидејќи од режимот на Зеленски сѐ може да се очекува – изјави претставникот на регионалната администрација Владимир Рогов.

    Да потсетиме, претходно официјалниот претставник на Министерството за одбрана на Русија, генерал Игор Конашенков, објави дека украинската армија подготвува провокација во нуклеарната централа Запорожје на 19 август, за време на посетата на генералниот секретар на ОН, Антонио Гутереш на Украина.

    Намерата, според Конашенков, е Русија да биде обвинета за создавање на вештачка катастрофа.

    Нуклеарната централа Запорожје се наоѓа на левиот брег на реките Днепар, во близина на градот Енергодар. Таа е најголемата нуклеарна централа во Европа по број на единици и капацитет. Станицата има шест енергетски блокови VVER-1000, секој со капацитет од 1 гигават.

    Електраната од март ја чува руската армија. Министерството за надворешни работи на Русија ја нагласи оправданоста на преземањето на контролата врз електраната од страна на руската армија во смисла на спречување на истекување на нуклеарни и радиоактивни материјали.

    Министерството потсети и дека станицата во моментов е контролирана од украински оператор. Според руски Спутник, украинските војници редовно го гранатираат Енергодар и територијата на нуклеарната централа.

    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img