More

    Силен земјотрес ги вознемири туристите на Лефкада

    spot_img

    Земјотрес со јачина од 4,3 степени според Рихтеровата скала го погоди грчкиот остров Лефкада.

    Епицентарот на земјотресот бил во морската област, осум километри западно/југозападно од градот Василики Лефкада, објави Катимерини во соопштението од Геодинамичкиот институт на Националната опсерваторија во Атина.

    Претходно Европско-медитеранскиот сеизмолошки центар (EMSC) соопшти дека земјотресот се случил на многу мала длабочина од два километри и бил со јачина од 5,2 степени.

    Лефкада е грчки јонски остров, популарен меѓу туристите од нашата земја.

    Нема извештаи за повредени или материјални штети на Лефкада или на други блиски острови во Јонското Море, пишува Greekreporter.

    Врз основа на прелиминарните сеизмички податоци, земјотресот најверојатно го почувствувале многу луѓе во епицентралното подрачје. Не требало да предизвика значителна штета освен предмети што паѓаат од полиците или скршени прозорци.

    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img