Возачот на Астон Мартин, Себастијан Фетел, нема да биде на гридот на стартот од новата сезона во Формула 1, објави неговиот тим.
Фетел беше позитивен на коронавирус на неодамнешните тестови, што значи дека ќе помине барем извесно време во изолација.
Неговото место ќе го заземе неговиот сонародник Нико Хулкенберг, кој го загуби местото во 2019 година откако настапуваше за тимот на Рено (денешен Алпине).
Хулкенберг (34) две сезони работи во Астон Мартин како резервен возач и како одговорен за развој на автомобили, а според него би можел да се врати во најбрзиот циркус во светот во 2020 година, но не успеал да преговара со неименуван тим.
Сезоната во Формула 1 официјално стартува утре со првите два тренинзи во Бахреин, во сабота ќе се водат квалификациите, а в недела ќе се вози трката за Големата награда на Бахреин.