More

    Се шпекулира дека имало хакерски напад и дека се бара откуп на податоците во биткоини

    spot_img

    Веб-страната на Бирото за јавни набавки не е во функција неколку дена и сè додека не профункционира, нема да има јавни набавки.

    Од Бирото потврдуваат дека имаат технички проблем и дека работат на негово отстранување, како и дека јавни набавки не може да се спроведуваат.

    Ова е првпат со денови да не може да се санира проблемот со веб-страната на Бирото за јавни набавки. Досега имало застои во траење од најмногу 15-тина минути.

    Порталот Мкд.мк, повикувајќи се на информации од вработен во институцијата, пишува дека е извршен хакерски напад „ransomware“, дека хакерите го избришале целиот „бекап“ и дека бараат „откуп“ во биткоини за да бидат вратени податоците во целост.

    Сега се поставува и прашањето како фирмите кои сакаат да учествуваат на тендери тоа да го сторат и дали роковите за учество ќе бидат пролонгирани.

    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img