Бразилската манекенка Адријана Лима на својот Инстаграм профил објави дека пред една недела родила момче – Цијан.
„Сијан е боја помеѓу зелената и сината во спектарот на бои. Цијан е бојата на водите на Бора Бора и Малдивите, места од нашата семејна листа. Сијанот сега е нашата омилена боја… бојата на очите на нашето момче. Добредојдовте во нашиот свет“, напиша Лима на Инстаграм.
Таа има две ќерки од претходниот брак со поранешниот српски кошаркар Марко Јариќ.