Руските сили ја презедоа контролата врз психијатриската болница во градот Бородјанка во областа Киев, во Украина, со 670 лица, изјави денеска регионалниот гувернер Олексеј Кулеба за локалните медиуми.
– Сега не знаеме како да ги евакуираме овие луѓе, како да им помогнеме. Им снема вода и лекови – рече Кулеба.
Тоа се луѓе со одредени посебни потреби, им треба постојана помош… многу од нив се врзани за кревет со години, појасни регионалниот гувернер.