Поглаварот на Руската православна црква Кирил во вчерашната проповед им се обрати на граѓаните опфатени со делумната мобилизација и им порача да не се плашат за загинат за татковината, зашто нивно ќе биде царството небесно.
– Црквата признава дека ако некој, поттикнат од чувство на должност и од потребата да ја исполни својата заклетва и да остане верен на неговиот повик, умре во исполнување на својата должност, тоа несомнено ќе биде чин на жртва. Оваа жртва ги измива сите направени гревови – рече тој.
Последниве денови рускиот поглавар неколку пати ги повика верниците да се пријават во војна.
– Одете храбро да ја извршите својата воена должност. И запомнете дека ако умрете за својата земја, ќе бидете со Бога во неговото царство – им вели Кирил на верниците.
🤡Patriarch Kirill urged not to be afraid of death amid mobilization
“Go bravely to fulfill your military duty.And remember that if you die for your country, you will be with God in his kingdom, glory and eternal life”
Maybe Kirill will refuse an armored Mercedes and security? pic.twitter.com/Bo6WaYcUKp
— NEXTA (@nexta_tv) September 22, 2022