Русија најави поправка на мостот на Крим, кој го поврзува Крим со континентална Русија, до јули 2023 година. Владата „го одредува 1 јули 2023 година како краен рок за завршување на државните договори за извршување на работите“, се вели во наредбата потпишана од рускиот премиер Михаил Мишустин.
Силна експлозија во саботата на 8 октомври го оштети мостот на Крим. После тоа, железничкиот и патниот сообраќај беше делумно воспоставен на оваа витална комуникациска линија за руската армија.
Како одмазда за тој напад, Русија изврши големи напади низ Украина во понеделникот и вторникот, на 10 и 11 октомври.
Руската безбедносна служба ФСБ соопшти дека уапсила осум лица осомничени за учество во нападот на мостот.