Руското Министерство за одбрана соопшти дека уништило големо подземно складиште за проектили и авионска муниција во украинскиот регион Ивано-Франковск, користејќи хиперсонични проектили „кама“, пренесе Интерфакс.
Министерството наведува дека ги уништило и украинските воени центри за радио комуникација и извидување недалеку од крајбрежниот град Одеса, користејќи го крајбрежниот ракетен систем.
Ројтерс јавува дека не е во можност да ги потврди наводите на Министерството за одбрана од независни извори.
Русија никогаш досега не користела хиперсонични ракети во борба, пишува Би-Би-Си.